Освен што двете се бринети кои водат потекло од Италија, Карла Бруни и Моника Белучи немаат ништо заедничко.
Но… се чини дека една работа сепак ги поврза овие две убавици кои наскоро ќе наполнат 50 години. Станува збор за безвременската убавина која е доволно силна за да рекламираат накит за најпознатите брендови.
Првата дама на Франција, Карла Бруни (46), стана заштитно лице на новата колекција „Diva“ која ја потпишува „Bulgari“.
Моника Белучи пак , ја употреби „Cartier“, како лице кое ќе ја рекламира колекцијата под име „Paris Nouvelle Vague“.
Двете ѕвезди на фотографиите покажуваат како нивната убавина не избледува со текот на годините, и како тие се уште зрачат со елеганција, женственост и шарм.