Мораме да тргнеме со суштински и сериозни реформи, излез немаме бидејќи сега не е само критериум хармонизацијата, туку и имплементацијата. Мислам дека треба и ЕУ соодветно да одговори, затоа што ако сте кандидат од 2005 година, а денеска е 2024, се плашам дека некогаш тоа чекање личи на она на господинот Годо, а не сакам да верувам во такво нешто. Јас знам дека ние бевме перцепирани и сеуште сме како Ахилова пета, но мислам дека и за тоа има решенија и потребен е соодветен одговор. Ова денеска го истакна претседателката Гордана Сиљановска Давкова на панелот „Европската Унија како предизвик и предизвиците на ЕУ: Европа 74 години од Шумановата декларација“, што во организација на Европското движење во Северна Македонија и претставништвото на Фондацијата Конрад Аденауер во Скопје, се одржа по повод 9 Мај – Денот на Европа. Таа изрази очекување од новите власти во Собранието да сфатат дека Лисабонскиот договор е договор за парламентите, дека Парламентот мора да се отвори во евроинтеграцискиот процес и дека евроинтеграцијата не може да биде само работа на Владата. – Сугерирав и сè уште сугерирам меѓу преговарачите да има и експерти, а не само политичари, за да создадеме институционална меморија. Каде е континуитетот ако двајцата преговарачи беа политичари?, истакна претседателката. Сиљановска Давкова посочи дека мора да се активира Националниот совет за евроинтеграции, како обединувачко хетерогено тело, а на Комисијата за европски прашања да бидат поканети и претставници на Европската комисија. Изрази очекување дека ЕУ нема да заборави на логиката и филозофијата на проширувањето. Потсети дека историски, географски и културно отсекогаш сме биле дел од Европа и дека не зборуваме за евроинтеграција, туку за реунификација, посочувајќи дека втемелувачите на Европската Унија биле вистински државници, водени од мировната идеја и кои верувале во мировните решенија. – За нас веќе реков дека се перцепираме како Европејци, а логично е ако се перцепирате како Европејци да бидете и третирани како Европејци. Третманот го гледам пред се низ призма, не на ЕУ реториката, туку на ЕУ логиката, во смисла на владеење на правото, компетитивна економија, независно судство, стручна и компетентна администрација, демократска политичка култура, нешто што обединува, рече Сиљановска Давкова. Порача дека регионално треба да соработуваме и да се поддржуваме едни со други по примерот на скандинавските земји, додавајќи дека ветото не е европски и мировен инструмент, иако е некогаш силно оружје на малите држави. Таа нагласи дека на патот кон ЕУ, со помош на оние што се внатре, треба да зачекориме заедно и да се поддржуваме едни со други. Претседателката истакна дека скрининг процесот покажа дека во поглед на хармонизацијата сме во врвот на Западниот Балкан, но имплементацијата останува наш важен предизвик.

Мораме да тргнеме со суштински и сериозни реформи, излез немаме бидејќи сега не е само критериум хармонизацијата, туку и имплементацијата. Мислам дека треба и ЕУ соодветно да одговори, затоа што ако сте кандидат од 2005 година, а денеска е 2024, се плашам дека некогаш тоа чекање личи на она на господинот Годо, а не сакам да верувам во такво нешто. Јас знам дека ние бевме перцепирани и сеуште сме како Ахилова пета, но мислам дека и за тоа има решенија и потребен е соодветен одговор.

Ова денеска го истакна претседателката Гордана Сиљановска Давкова на панелот „Европската Унија како предизвик и предизвиците на ЕУ: Европа 74 години од Шумановата декларација“, што во организација на Европското движење во Северна Македонија и претставништвото на Фондацијата Конрад Аденауер во Скопје, се одржа по повод 9 Мај – Денот на Европа.

Таа изрази очекување од новите власти во Собранието да сфатат дека Лисабонскиот договор е договор за парламентите, дека Парламентот мора да се отвори во евроинтеграцискиот процес и дека евроинтеграцијата не може да биде само работа на Владата.

– Сугерирав и сè уште сугерирам меѓу преговарачите да има и експерти, а не само политичари, за да создадеме институционална меморија. Каде е континуитетот ако двајцата преговарачи беа политичари?, истакна претседателката.

Сиљановска Давкова посочи дека мора да се активира Националниот совет за евроинтеграции, како обединувачко хетерогено тело, а на Комисијата за европски прашања да бидат поканети и претставници на Европската комисија.

Изрази очекување дека ЕУ нема да заборави на логиката и филозофијата на проширувањето.

Потсети дека историски, географски и културно отсекогаш сме биле дел од Европа и дека не зборуваме за евроинтеграција, туку за реунификација, посочувајќи дека втемелувачите на Европската Унија биле вистински државници, водени од мировната идеја и кои верувале во мировните решенија.

– За нас веќе реков дека се перцепираме како Европејци, а логично е ако се перцепирате како Европејци да бидете и третирани како Европејци. Третманот го гледам пред се низ призма, не на ЕУ реториката, туку на ЕУ логиката, во смисла на владеење на правото, компетитивна економија, независно судство, стручна и компетентна администрација, демократска политичка култура, нешто што обединува, рече Сиљановска Давкова.

Прочитајте и:  Комплетиран новиот состав на Комисијата за помилување

Порача дека регионално треба да соработуваме и да се поддржуваме едни со други по примерот на скандинавските земји, додавајќи дека ветото не е европски и мировен инструмент, иако е некогаш силно оружје на малите држави. Таа нагласи дека на патот кон ЕУ, со помош на оние што се внатре, треба да зачекориме заедно и да се поддржуваме едни со други.

Претседателката истакна дека скрининг процесот покажа дека во поглед на хармонизацијата сме во врвот на Западниот Балкан, но имплементацијата останува наш важен предизвик.

Заменик-шефот на Делегацијата на ЕУ, Бен Нупнау нагласи дека ЕУ сака да го внесе Западен Балкан поблиску и побрзо во ЕУ за да се зајакне заедничката безбедност и да се промовира просперитет.

– Проектот на ЕУ не е комплетен без вас. Постојано велиме дека успехот кон интеграцијата е споделена одговорност. Дел од одговорноста кој припаѓа на Северна Македонија е на полето на реформите, главно во суштинските области како владеењето на правото и човековите права. Сето тоа го зголемува економскиот капацитет и отпорноста. Тешко е но ќе биде корисно, рече Нупнау.

Градоначалникот на Аеродром и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски порача дека членството во ЕУ е генерациска битка и дека новата влада ќе работи на прашања во интерес на граѓаните како што се борбата против корупцијата, економските реформи и реформите во администрацијата.

Арбер Адеми, потпретседател на ДУИ, смета дека заложбата за ЕУ не треба да е декларативна, додека Арбен Таравари од „Вреди“ подвлече дека е потребна сериозна борба против криминалот и корупцијата.

Во рамки на настанот, Европското движење во Северна Македонија му додели плакета на актуелниот шеф на Делегацијата на ЕУ, Дејвид Гир за неговиот придонес за евроинтегративниот процес, а за Европска личност за 2023 година беше избран нашиот најпознат македонски тенор, Благој Нацоски.

По панел-дискусијата, се одржа Младински клуб „Младите и демократските вредности: Дали сакам, дали можам и како да бидам активен граѓанин?“, во рамките на кој се одржа ораторски натпревар, младинска дебата и квиз на знаење за ЕУ.

- Реклама -