За овој микс на вкусови, имате потреба од следниве состојки:
2 чаши моркови
2 чаши брашно
2 јајца
2 чаши шеќер
1 чаши масло
1/2 чаши млеко
1/2 чаши ореви
2 лажички прашок за пециво
2 лажички цимет
300 г. кремсир
200 г. шеќер во прав
300 мл. течна павлака
1 лажиче ванила
Начин на подготовка:
Најнапред се подготвува смесата за катовите. За целта јајцата и шеќерот, се мешаат во длабок сад. Кон нив се додаваат маслото, свежото млеко и однапред мешаните брашно, прашок за пециво и цимет. Производите се миксаат до добивање на мазна смеса. Кон неа се додава рендан морков и мелени ореви.
Смесата се меша и се дели на 3 или 4 еднакви делови.
Тие се печат одделно во тркалезна тава покриена со хартија за печење. Штом ќе се испечат и оладат, се подготвува кремот за тортата од морков.
Кремот се подготвува со тоа што се мешаат крем сирење, течна павлака, шеќер во прав и ванила.
Кремот се става врз испечените катови и на тој начин се лепат, со тоа што се чува мала количина крем со која тортата се премачкува на врвот и од страните.
Одозгора можат да се додадат мелени ореви за декорација.
Ставете ја тортата неколку часа во фрижидер, а потоа уживајте во вкусот.