Морски црви се наши далечни роднини

црвНаучниците отсекогаш сакале да ја знаат целата приказна. Обично ова значи познавањето на одредено поле до најситниот детал. Но кај некои научни дисциплини, како биологија и геологија, тоа подразбира и знаење на промените во полето во даден период.

И иако „почеток, средина и крај“ звучи како класичен заплет на роман, тоа не е заплет кој научниците лесно го прифаќаат. Добар пример за ваква приказна е приказната за алката која недостасува, како животното кое ги поврзува луѓето со човеколиките мајмуни. Друг аспект кој ги збунува научниците е поврзаноста помеѓу едноставните и сложените животни. Ние сме очигледно пример за сложено животно. На пример, имаме развиен нервен систем кој ни овозможува да ги обработуваме информациите од нашата средина.

Има и многу примери за еднсотавни организми, како на пример сунгерите. Убаво би било да се откријат сите фази на развој помеѓу овие две екстреми. Научниците мислат дека организми како морските црви, xenoturbella и acoelomorpha, би можеле да се такви преодни форми. Тие немаат целосно развиен нервен систем или дигестивен систем, но сепак се посложени од сунгерите.

Постои интуитивно чувство дека сложеноста е нешто кон што сите организми се развиваат, додека едноставноста е почетната точка. Алтернатива за тоа би била лудата идеја дека некој организам поминал низ многу развој за да стане едноставен. Но, бидејќи нешто изгледа интуитивно исправно, тоа не значи дека е точно. Научниците од University College London и Universite de Montreal кои работат со xenoturbella и acoelomorpha откриле дека постојат ситуации во кои „лудата идеја“ е вистината.

Тие велат дека анализата на ДНК-та на овие организми покажала дека тие не се примитивни, и дека тие всушност имаат заеднички предок со сложени животни, како нас. [The retro look]

- Реклама -