Кремљ не ја исклучува можноста за средба помеѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот пратеник на САД, Стив Виткоф, во текот на оваа недела. Ова го изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
„Секогаш сме задоволни да го пречекаме господинот Виткоф во Москва и да оствариме комуникација со него“, додаде Песков.
Тој истакна дека дијалогот меѓу Москва и Вашингтон продолжува, како и напорите на Соединетите Држави да посредуваат во однос на ситуацијата во Украина.




