Москва подготвува одговор на ракетните напади со ракети АТАКМС врз Курскиот регион

Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека Москва ќе одговори на украинските напади со американски ракети АТАКМС врз Курскиот регион.

„Министерството за одбрана на Руската Федерација ја следи ситуацијата и подготвува акција за одговор“, се наведува во соопштението.

Според Министерството, во последните три дена, украинските сили двапати нападнале руски цели со западно оружје со долг дострел, пренесуваат руските медиуми.

Првиот напад се случи на 23 ноември, кога беа истрелани пет ракети АТАКМС на позицијата ПВО С-400 во областа Лотаревка, а вториот напад следеше на 25 ноември, со осум ракети АТАКМС, и беше извршен на аеродромот Курск-Восточни.

Во првиот напад, екипажот на системот Панцир, што го штитеше С-400, успеа да пресретне три проектили, но две минаа и оштетија радар. Во вториот напад, руските системи С-400 и Панцир соборија седум од осумте проектили, но двајца војници се здобија со полесни повреди, додека инфраструктурата на аеродромот претрпе мала штета, се наведува во соопштението на руското МО, едно од малкуте во кои руската страна признава дека претрпела загуби.

Прочитајте и:  Пентагон: Нема знаци на присуство на севернокорејски војници во Украина
- Реклама -