Москва тајмс: Уапсените на собирите по повод смртта на Навални добија повик за војска

Неколку мажи, кои беа уапсени на собирите по повод смртта на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални во последните денови, добија повик за војска во Санкт Петербург, објави Москва тајмс, цитирајќи ги локалните медиуми.

Полицијата уапси неколку стотици луѓе ширум Русија кои оставија цвеќиња на меморијалните места на Навални откако тој почина во казнена колонија во северниот дел на Урал.

Најмалку шест лица добиле повик за војска откако биле пуштени од притвор, објави информативниот Телеграм канал Ротонда.

„Во повиците се вели дека уапсените мора да се јават во воениот оддел во рок од неколку дена, за да ги проверат своите податоци и да се пријават за војска“, наведува Ротонда.

Прочитајте и:  Путин: Русија истрела балистичка ракета со среден дострел кон Украина

Критичарите на Кремљ оценија дека руските власти често ја користат заканата за служење воен рок како форма на казна за неистомислениците, пишува Москва тајмс.

- Реклама -