Москва: Тројца загинати во голема експлозија на мостот на Крим, во која беа уништени цистерни со гориво

На Кримскиот мост, кој го спојува полуостровот со Русија, утрово експлодирал камион, при што се запалиле седум цистерни со гориво во воз што во тој момент минувал таму, соопшти денеска рускиот национален антитерористички комитет.

Камион што доаѓал од полуостровот Таман експлодирал денеска во 6:07 часот на патниот дел од мостот Крим, при што се запалиле резервоарите со гориво во возот што сообраќал во правец на полуостровот Крим. Од експлозијата на камионот се урнале два патни делници од мостот на Крим, се наведува во соопштението.

За експлозијата јавија и медиумите во Украина. Тие посочија дека сообраќајот на патниот и железничкиот мост што го поврзува Крим со руската транспортна мрежа е во прекин.

Според најновите информации кои ги соопшти рускиот истражен комитет, три лица загинале во експлозијата. Најверојатно се работи за „патници во автомобил што бил во близина на камионот што експлодирал“, се наведува во соопштението, во кое се додава дека е идентификуван сопственикот на возилото.

Прочитајте и:  Џо Роган: Бајден и Зеленски сакаат светска војна, Кличко му одговори - тоа е руска пропаганда

Мостот на Крим беше отворен во 2018 година лично од рускиот претседател Владимир Путин, четири години откако Русија го анектираше полуостровот во 2015 година, што пак доведе до санкции и влошување на односите со Западот.

- Реклама -