Москва: Уапсени неколку саботери при обид да го разнесат гасоводот „Турски тек“ на руска територија

Москва, 13 октомври 2022 (МИА) – Кремљ соопшти дека неколку лица биле уапсени при, како што рече портпаролот Дмитриј Песков, обид за напад на гасоводот „Турски тек“ на руска територија.

„Сакаа да го кренат во воздух“, изјави Песков пред новинарите.

„Некои сили… за можното потекло на овие сили навести Путин… веќе посегнаа и по Турски тек. Фатени се саботерите, уапсени неколку луѓе. Сакаа да го кренат во воздух. На наша територија, на копно“, изјави денеска Песков.

Рускиот претседател Владимир Путин претходно рече дека украинските власти се обидуваат да поткопаат една од делниците на „Турски тек“.

Русија порача дека ја засилува безбедноста на гасоводот, кој носи руски гас во Турција, по необјаснетите пукнатини на гасоводите Северен тек во Балтичкото Море и истекувањето на нафта од нафтоводот „Дружба“ во Полска.

Прочитајте и:  Наришкин по измените во нуклеарната доктрина: Улогата на НАТО во украинските ракетни напади на Русија нема да помине неказнето

Извор: МИА

- Реклама -