Motorola Moto X изложен на тешка тортура

Motorola Moto X е одличен смартфон кој се прослави со можноста корисникот по негова желба да го обликува неговиот изглед додавајќи одредени детали, бои и гравури на задната страна. Но, колку овој смартфон е издржлив при пад, удари или гребаници, за тоа ќе мора да го погледнете следното видео во кое Motorola Moto X е изложен на суров третман.

motorola_moto_x530x290_290813_083723

Тестовите вклучуваат употреба на клучеви, нож и чекан. Гребаниците од клучеви се најреално сценарио, но зошто баш некој би ги тероризирал смартфонот со удари од чекан и сечење со нож, најверојатно затоа што е забавно, но и да ни прикаже дали Motorola Moto X е цврст како и многу негови конкуренти.

Резултатите се прилично импресивно, бидејќи Motorola Moto X ги издржа речиси сите тестови, најдобро се покажа екранот кој е заштитетн со Corning Gorilla 3 стаклото, а маската која е комбинација на гума и плстика заврши со само неколку помали видливи гребаници. Во продолжение погледнете ја целосната тортура врз Motorola Moto X.

[youtube]http://youtu.be/SlFS-hQK50I[/youtube]

Текстот е објавен во соработка со telefoni.com.mk

- Реклама -