Најбрзиот човек на денешницата, јамајканскиот атлетичар Усаин Болт ќе биде една од ѕвездите на кошаркарскиот натпревар меѓу славни личности што ќе се одржи во рамки на All-Star викендот во NBA лигата.
Централниот настан на All-Star на 17 февруари во Хјустон ќе биде пресметката на избраните момчиња од Источната и Западната конференција. Два дена претходно на истото место ќе се одржи и ревијален двобој на екипи чии тренери ќе бидат ѕзвездите на NBA Џејмс Харден и Расел Вестбрук. Нивни помошнички ќе бидат пејачката и актерка Квин Латифа и телевизиската водителка Саманта Харис.
[youtube]http://youtu.be/KJuNnYkRtRI[/youtube]
Освен Болт, олимписки победник и светски рекордер на 100,200 и 4×100 метри, на паркетот своите кошаркарски способности ќе ги покажат бројни американски пејачки и пејачи, филмски и телевизиски ѕвезди. Но, за целата претстава да не помине без кошаркарските легенди ќе се погрижат Дикембе Мутомбо, Клајд Дрекслер, Шон Елиот и Брис Боен.