Може ли од тело на мртов астронаут да започне живот на друга планета?

shutterstock_352521629[1]

Ако еден астронаут умре во вселената, можно ли е неговото тело да рашири бактерии на други планети, на пример на Марс? Ако умрениот астронаут, било во брод, капсула или сопствениот скафандер, заврши во вселенската празнина и е евентуално привлечен од гравитационото поле на друга планета, можат ли некои од микробите кои се наоѓаат во неговото тело, да „зачнат“ живот на новата локација?

Според микробиологот Гери Кинг од Универзитетот во Луизијана, одговорот веројатно е „да“.

„Досега многупати сме извлекувале микроби од вечните мразови (на Земјата), а сега знаеме дека е можно да постојат микроби кои имаат способност да опстанат околу милион години во хибернација или во некоја друга слична состојба со инхибирани животни процеси“, вели Кинг.

„Особено ако вселенското патување е до некаде во близина, како што е Марс, бактериските спори во човечкото тело ќе преживеат, сигурно“.

Што ќе се случи со нив откако ќе „слетаат“ на таа нова планета – зависи од различни фактори. Но најважниот фактор е тоа колку време телото поминало во отворената вселена.

„Кога зборуваме за милион години без радијациска заштита, веројатноста за преживување на микробите е минимална. Но не е еднаква на нула; доволно е дури и еден микроб од огромниот број на микроби во телото на астронаутот да преживее“.

- Реклама -