Може ли Реал со Мбапе до најголемиот неостварен сон, тројната круна?


Реал Мадрид е прв фаворит за титула во Ла Лига и Копа дел Реј и еден од главните фаворити за триумф во Лигата на шампионите, па се поставува прашањето дали Карло Анчелоти може за прв пат да ги предводи „кралевите“ до тројна круна.

Реал Мадрид ова лето конечно го донесе Килијан Мбапе во своите редови и креираше страшен напад во кој уште се Винисиус и Родриго, а зад нив Белингем.

Сезоната ја отворија со триумф над Аталанта и трофеј во Суперкупот на Европа, но главното прашање е дали ќе можат до најголемиот неостварен сон.

„Кралевите“ и покрај тоа што имаат еден куп титули, никогаш во својата историја не стигнале до тројната круна.

Според обложувалниците, Реал Мадрид е прв фаворит за титула во Ла Лига и Копа дел Реј, и еден од главните фаворити за триумф во Лигата на шампиони заедно со Манчестер Сити, па избраниците на Карло Анчелоти имаат добри шанси да станат дел од одбраното друштво.

До сега, само 8 клубови во Европа можат да се пофалат со ваков подвиг:

Селтик – 1967
Ајакс – 1972
ПСВ – 1988
Манчестер јунајтед – 1999
Барселона – 2009 и 2015
Интер – 2010
Баерн Минхен 2013 и 2020
Манчестер Сити – 2023

- Реклама -