Може не е до Германците…

Кога сите мислевме дека со мајсторијата од слободен удар Крос ја спаси Германија од елиминација на Светското, всушност се покажа дека тој гол само им ја одложи, а можеби и зголеми агонијата на Германците, со тоа што незаслужено им ги врати надежите.

По денешниот пораз од Јужна Кореја од 2-0, и „пласманот“ на последното место во групата Ф, Германците ќе бидат мета на жестоки критики, како дома, така и низ светската спортска јавност.

Беа далеку од сјајни, и можеби дел од тие критики ќе бидат заслужени. Но што ако всушност за тоа е заслужна „клетвата“?

*стави хорор тензична музика тука*

Зборуваме за шампионското проклетство кое од којзнае какви причини започна во Франција во 2002 година. Оттогаш, секој шампион доживува елиминација уште во групната фаза на следното првенство (со исклучок на Бразил, тие стигнаа до четвртфинале).

Истото што ги снајде Германците, претходно им се случи и на Шпанците. Пред нив истото им се случи и на Италијанците. Пред нив, и на Французите.

Франција 1998 – СВЕТСКИ ПРВАК
Франција 2002 – ЕЛИМИНАЦИЈА ВО ГРУПНА ФАЗА

Италија 2006 – СВЕТСКИ ПРВАК
Италија 2010 – ЕЛИМИНАЦИЈА ВО ГРУПНА ФАЗА

Шпанија 2010 – СВЕТСКИ ПРВАК
Шпанија 2014 – ЕЛИМИНАЦИЈА ВО ГРУПНА ФАЗА

Германија 2014 – СВЕТСКИ ПРВАК
Германија 2018 – ЕЛИМИНАЦИЈА ВО ГРУПНА ФАЗА

- Реклама -