Oпсесијата со собирање пријатели на Фејсбук прави впечаток дека некои корисници се подружељубиви, отколку некои други. Но додека некои можат да се пофалат и со 5.000 фејсбук пријатели, научниците докажаа дека човечките мозоци можат да се справат со максимум 150 пријателства.

Оксфордскиот професор Робин Дунбар направи истражување за социјалните групи во текот на историјата, од неолитските села до модерната канцелариска средина. Неговите откритија, базирани на теоријата од 1990, наречена „Дунбаров број“, велат дека делот од мозокот кој се користи за свесната мисла и јазикот, односно неокортексот, е ограничен на 150 пријателства, без разлика колку сме дружељубиви.
Интересно е тоа што некој може да има 1.500 пријатели на Фејсбук, но реалноста е дека не може да се одржи контакт со повеќе од 150 луѓе, како на Фејсбук, така и во вистинскиот живот, според Дунбар.
Дунбар при ова истражување ги зеде во предвид оние пријатели на Фејсбук со кои се контактира најмалку еднаш годишно. Тој исто така откри дека жените се подобри во одржувањата на пријателствата. „Има голема полова разлика… девојките се подобри во одржување на врските само преку вербална комуникација. На момците им е потребно да прават некои работи заедно во физичкиот свет.“. [5,000 friends on Facebook? Scientists prove 150 is the most we can cope with]