Можеше да биде реклама на Адидас, а вака е „само“ најгледаното видео за 2017-та

26-годишниот студент на режија – Еуген Мерхер, сними одлична и емотивна, ама несудена реклама за Адидас. 

Насловена како „Break Free“ (во превод: ослободи се; побегни), приказната се фокусира на поранешен маратонец кој сега гние во старечки дом. Монотонијата го убива и му го тишти духот, но старите Адидас-ки го тераат да не се откажува и да трча барем уште еднаш, по секоја цена. Вака од прва, тематиката многу нé потсети на „Лет над кукавичкото гнездо“ со Џек Николсон.

Како и да е, од ненаведени причини, пи-ар одделот на Адидас ја одбива. Наша претпоставка е затоа што чепка во моментот на тоа како нашето општество, преку старечките домови, прилично ладнокрвно ги сведува „некогашните“ луѓе на обични старци. Од друга страна, токму заради суровата вистина и искрата надеж, видеото до моментов е најгледаното во 2017-та.

 

- Реклама -