Mожете да ја решите загаткава?

Океј, сте нашле мапа со скриено богатство, сте го нашле замокот на мапата и сте ја нашле одајата во која е скриено богатството. Арно ама, таму да ти имало ексцентричен волшебник кој нема проблем да ви го даде богатството, но само ако му ја решите загатката. Ако не, нема ни воопшто да ве пушти да си заминете (ќе си умрете во одајата).

Загатката е следнава:

Имате голем куп со стотици древни (не дрвени) монети. Секоја од тие монети има ист симбол (шкорпија) и на двете свои страни, со тоа што едната страна е сребрена, а другата златна.

Опачината е иста, само златна.

Ваша задача е да го поделите купот на две купчиња кои воопшто не мора да бидат еднакви ни по големина ни по број, но мора да имаат еднаков број парички свртени со сребрената страна кон горе.

Притоа, околностите се вакви:

• волшебникот ти гаси светло и те остава во комплетна темница
• двете страни на секоја од паричките се тотално идентични – значи не можеш да ги разликуваш на допир за да знаеш која страна гледа кон горе
• не ги памтиш позициите на паричките во купот пред да се изгаси светлото
• дозволено е да ги превртуваш паричките колку сакаш, но не смееш да ги поставиш вертикално
• единствено што знаеш со сигурност е дека во купот имаше вкупно 20 парички свртени со сребрената страна нагоре пред да се изгаси светлото (си успеал да ги преброиш додека волшебникот ти ја објаснувал загатката)

Од нас имате само тоа дека решението е многу едноставно. Комплицирано е да ви текне. А ако ви текне, бидете сигурни дека сте меѓу малкумината (и пофалете се во коментари, што да не).

За тие што ќе се откажат или немаат време да мозгаат, одговорот и објаснувањето се на 1:46 во видеото (ќе го сконтате и без да разбирате англиски):

- Реклама -