Можете да разликувате топла и ладна вода по звукот

А што ако ви кажеме дека имате супермоќ за која можеби не сте свесни? Зборуваме за способноста да разликувате топла од ладна вода, по звукот.

Не ни верувате? Преслушајте ги следниве аудио-семплови и пробајте да погодите која е топла, а која ладна вода.

Семпл 1:

Семпл 2:

Гледате? (Топла е водата во вториот семпл.)

Се работи за несвесно научена способност на мозокот да ги лови разликите меѓу звукот на топлата и ладната вода, врз основа на искуството од сите тие илјадници пати кога сме чуле да се сипуваат студени или топли напитоци. Можеби никогаш не сте посветиле внимание на таа разлика, како и ние, но ете ја на дело.

А зошто звуците се разликуваат? Тоа се должи на вискозноста, или ако сакате – на густината на водата. Ладната вода е погуста, а молекулите во неа имаат помалку енергија и се движат побавно. Топлата вода е поретка, а молекулите имаат повеќе енергија и се движат побрзо.

Замислете го тоа вака: имате топол и ладен мед. Знаете од искуство: Студениот ќе биде полеплив, а топлиот ќе биде потечен и полесно ќе се истура.

Кај водата тоа не е толку визуелно забележливо, но густината влијае на тоа како водата плиска кога ја сипувате во некаков сад. Се разбира, тоа влијание се одразува и на звукот.

Сепак, можеби најинтересното е што сето ова мозокот го знае интуитивно, и без некогаш свесно да сме го размислувале.

Извор

- Реклама -