Фотографијата која ја направил астронаут од Меѓународната вселенска станица е снимена на висина од 400 километри над површината на земјата.
Авионот и трагата која што ја остава зад себе се гледа и од таа висина доколку добро се загледате.
Доколку имате остро око, на фотографијата можете да воочите авион кој во истиот момент се нашол на место на кое што бил вперен апаратот на астронаутот.
Фантастично е тоа што тој може да се види и од таа висина, на 400 километри над планетата.
Авионот пролетал покрај островот Ексума на Бахамите.