Минатата недела, во ЈАМА Psychiatry беше објавена студија во која се вели дека постои можност пречестото „конзумирање“ на порно да има удел во смалување на мозокот. Истражувањето било спроведено на „Макс Планк Институтот за хуман развој“, а во него биле вклучени 64 машки испитаници на возраст од 21-45 година. Тие биле прашани да оценат колку време седмично поминуваат гледајќи порно, врз основа на што било заклучено дека просечен маж троши не повеќе од неколку часа на гледање на „широк дијапазон на порнографија“ седмично, како што е опишано во студијата. Потоа, испитаниците биле подложени на MRI скен (магнетна резонанца), истовремено додека им било прикажувана или порнографија, или слики од луѓе што вежбаат.
Алармантно, се покажало дека мажите што рекле дека гледаат порно повеќе од просечно, имале помалку сива мозочна маса и помала интермозочна поврзаност од останатите партиципанти. Како што се вели во студијата, „наодите покажуваат дека волуменот на сивата маса е диспропорционален со кознумирањето на порнографија“. Сепак, нема место за паника, смируваат научниците. Ќе мора да се извршат дополнителни истражувања за да се утврди дали гледањето многу порно предизвикува намалување на сивата маса и невралната еластичност, или пак се работи за тоа дека самите субјекти биле предодредени да гледаат повеќе порно заради разликите во нивниот мозок.
Како што се објаснува во студијата, „можеби, на индивидуите со помалку сива маса им е потребна поголема надворешна стимулација за да постигнат задоволство, па наоѓаат повеќе стимул во порнографијата“.