МРТ: Евровизиската песна ќе се измени и доработи

Евровизиската песна „Империја“ на Влатко Лозаноски и Есма Реџепова „Империја“ ќе претрпи измени и доработка во однос на текстот и аранжманот, одлучи денеска Македонската Радио Телевизија заедно со евровизиските претставници.

„Оваа одлука дојде како резултат на јасно изнесените ставови и конструктивните сугестии од стручната јавност и од македонскиот аудиториум. Македонската Телевизија како јавен сервис на граѓаните на Македонија ја почитува желбата на мнозинството кои го кажаа својот став во однос на песната“, стои во соопштението на МРТ.

Новата верзија треба да биде готова до 18 март.

„Уште еднаш напоменуваме, дека МРТ и оваа година дозволи целосна слобода во креативниот пристап и реализација на видео записот на песната, но сметаме дека видео записот направен од Егизт Б Продукацијата не ги задоволува стандардите и критериумите за достојно претставување на Македонија пред евровизискиот аудиториум и се оградува од истиот. МРТ ниту го постирала, ниту го отстранила видео записот од интерент, туку изјавуваме дека целосно се оградуваме од истиот“, наведува МРТ.

Прочитајте и:  Граѓаните на Базел сакаат Евровизија и покрај критиките од екстремната десница

Овие чекори, додава, се иницирани за подобро претставување на Македонија пред светската музичка јавност.

Еве како звучеше првата верзија:

 

А што кога Хитлер дозна за „Империја“????

[youtube]http://youtu.be/VRMPunnw7oE[/youtube]

 

- Реклама -