Британецот Тери Скинер (25) остана со разрушена куќа откако експлодирала електронската цигара што ја оставил да се полни во спалната. Тој и неговата свршеница останаа на милоста на соседите во Ширнес, Кент, кои им донираа облека и дел од загубените предмети.
„Ги легнав моите деца и ја ставив цигарата да се полни. По 5 минути, слушнав татнеж, но бев убеден дека соседите преместуваат мебел. Слушнав уште една експлозија, па се стрчав нагоре по скалите“, раскажува Тери. „Првата грижа ми беше дали моите деца се безбедни и неповредени, а потоа ја отворив вратата од спалната“. И имал што да види.
„Ова е едно од оние шокирачки нешта што не си свесен дека можат да ти се случат“.
За волја на вистината, Тери користел различен полнач од оној фабричкиот што доаѓа заедно со е-цигарата. Сепак, статистиката покажува дека бројот на пожарите предизвикани од е-цигари значително пораснал во последните 2 години, паралелно со растот на нивната популарност.