Кога девојката по име Ешли МекИнтри слушнала на радио дека еден на човек кој е пред умирање очајно му е потребен бубрег, таа одлучиила да се тестира, и да провери дали нејзиниот ќе одговара за трансплантација.
Меѓутоа, оваа девојка не можела ниту да претпостави дека нејзиниот бубрег нема да биде единствената работа која таа ќе му ја подари на несреќниот Дени Робинсон.
Откако операцијата успешно била завршена, тие двајцата се запознале, и меѓу нив се родила љубов.
„Неверојатно е како испадна се. Ова е доказ дека постои Бог“, вели 26-годишната девојка.
Тие двајцата се свршиле на Божиќ, а во моментов го очекуваат нивното прво бебе.