Ева Мендес е љубоморна на дружењето на Рајан Гослинг и Рејчел Мек Адамс.
Славниот холивудски пар Рајан Гослинг и Ева Мендес пред неколку седмици го добија своето прво дете. Парот успешно ја криеше бременоста, но сега нивните обожаватели сакаат да знаат се за малата принцеза.
Од некои извори пристигна вест дека Ева обожава да биде мајка, а Рајан е заљубен во нивното мало девојче, па никогаш не биле посреќни.
Но, американските портали се распишаа за љубомората на убавата Ева и тоа на девојката од минатото на Рајан. Наводно Ева полудела откако Рејчел Мек Адамс му се јавила не нејзиниот дечко, да му го честита татковството.
„ Рејчел имаше само најдобри намери кога му се јави и сакаше само да му честита, но го праша и општи прашања од неговиот живот. Тоа очигледно прераснало во голем проблем, бидејќи Ева му забранила да се слушаат во иднина.