И Холивуд, и животното искуство, ни се добри докази дека убавите, атрактивните луѓе поминуваат полесно во животот. Ама не, истражувачите фатиле да чепкаат по статистиките за да проверат да не имаат и тие некоја мука.
Е па имаат. Претходно се мислеше дека апликантите што подобро изгледаат имаат поголеми шанси да ја добијат работата од оние што се помалку естетски привлечни. Арно ама, новата студија објавена во Journal of Personality and Social Psychology покажува дека не секогаш е тоа случај. Всушност, убавите луѓе имаат помали шанси да ја добијат работата кога се работи за помалку пожелна професија т.е. работно место.
Интервјуерите се криви. Тие проценуваат (се трудат) колку лицето што аплицира ја сака работата, а според студијата, често претпоставуваат дека атрактивната личност би преферирала погламурозна работна улога отколку понепривлечните кандидати. Поради тоа, помали се шансите дека интервјуерот ќе му ја понуди работата на попривлечниот кандидат.
Или со други зборови, поголеми се шансите атрактивното лице да ја добие поатрактивната работа, а понеатрактивното лице да ја добие понеатрактивната работа. А знаеме која е понеатрактивна работа – таа што се наоѓа на долниот крај на социоекономскиот спектрум.
Е па, жал ни е, лепотани, ама не може све да имате. Да видите и вие што е мука…
*трча во ќош да си поплаче*