Мурињо: До крајот на сезоната сум фокусиран само на Реал Мадрид

Жозе Мурињо признава дека има мал придонес за големиот број на шпекулации за неговата иднина, но нагласува дека до крајот на сезоната е целосно фокусиран на Реал Мадрид.

Се говори дека Португалецот по крајот на сезоната ќе замине од Сантијаго Бернабеу, и најверојатно ќе се врати во Премиерлигата.

Медиумите од ’Островото’ велат дека Жозе Мурињо одново ќе седне на менаџерското столче на Челзи, последните стории велат дека стратегот и ’Сините’ постигнале согласност за тригодишен договор.

Во разговор со Sky Sports News, ’Специјалниот’ призна дека има мал придонес за големиот број на шпекулации за неговата иднина, но инсистира дека до крајот на сезоната целосно ќе биде фокусиран на Реал Мадрид.

„Да бидам искрен, јас малку придонесувам за шпекулациите кога доаѓам во Лондон“ – рече Мурињо.

„Сепак, луѓето кои добро ме познаваат, знаат дека во овој момент мислам само на мојата работа во Реал. Целосно сум посветен на амбициите на Реал до крајот на сезоната. Се наоѓаме во четврт-финале од Лигата на Шампионите, а играме и со Атлетико Мадрид во финалето од Копа дел Реј”.

Прочитајте и:  Винисиус се повреди, ќе го пропушти мечот со Ливерпул во Лигата на шампионите

„Но не можам да негирам дека ми се допаѓа во Лондон, имам куќа тука и голема емоционална поврзаност со Челзи”.

„Еден ден ќе се вратам во Премиерлигата, без разлика дали тоа ќе биде Челзи или некој друг клуб. Секако дека Челзи ми значи повеќе од другите клубови, Челзи има посебно место во моето срце, исто како и Интер”.

Португалецот исто така се поврзува и со Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити.

„Манчестер Јунајтед е царството на Алекс Фергусон, се надевам дека тоа ќе биде така уште многу, многу години”.

„Роберто му донесе титулата на Манчестер Сити во Премиерлигата минатата сезона, тој е под договор со ’Граѓаните’, па не гледам дека има простор за моја преселба таму“.

Текстот е објавен во соработка со 24Фудбал.

- Реклама -