Мусака од свежа зелка – Рецепт и подготовка …

Популарните рецепти кои го освојуваат интернетот и се особено вкусни, заслужуваат да се пробаат! Оваа специјална мусака од свежа зелка нуди една нова, изненадувачка комбинација на вкусови, која сигурно ќе ве импресионира. Рецептот е совршен за оние кои се придржуваат до кето начин на исхрана или избегнуваат јаглехидрати. Пригответе го при прва прилика и споделете го рецептот со пријателите во групата Сѐ за храна.

Потребни состојки:
– 600 г зелка
– 450 г мешано мелено месо од Агриа
– 1 мала главица кромид
– 1 чешне лук
– 1 лажица масло
– 1 мала лажичка сол
– ½ мала лажичка мелен црн пипер
– 1 мала лажичка црвен пипер
– ½ мала лажичка сушен магдонос
– 1 лажица пире од домати
– 180 г кисела павлака
– 1 јајце
– 50 г кашкавал

Како да ја подготвите:

Зелката ситно изрендајте ја и ставете ја во поголема тава на оган. Посолете ја зелката, покријте со капак и повремено мешајте додека не омекне. Кромидот и лукот ситно исечкајте ги и пропржете ги во загреано масло додека не добијат златнa боја. Додадете го меленото месо и пржете додека не стане кафеаво. Додадете ги зачините и доматното пире, измешајте убаво и тргнете од оган.

Комбинирајте ја зелката со месото, добро измешајте ја смесата и распределете ја во тава за печење. Во посебен сад соединете ја киселата павлака, јајцето и кашкавалот, па прелијте ја мусаката. Печете ја во загреана рерна на 200 степени околу 20 минути, додека не добие убава златно-кафеава боја. Послужете ја топла. На здравје!

Препораки за најдобри резултати: Најдобро е да користите свежо месо. Препорачуваме производи од Агриа, достапни во Битола, Велес и Штип, како и во Тинекс и Рамстор. За повеќе новости, следете ги на Facebook и Instagram.