Музејот на Град Скопје гостува во Народниот музеј на Србија со изложбата „Темната страна на римската историја“

Масовна гробница со посмртни останки на околу двесте луѓе откриена во југоисточната некропола на Скупи е тема на изложбата „Една слика на темната страна на римската историја. Скупи – масовна гробница“ со која Музејот на град Скопје од гостува во Народниот музеј на Србија во Белград.

Резултатите од антрополошките и форензичко-антрополошките анализи покажаа дека во оваа масовна гробница во Скупи- најголемиот римски град во Северна Македонија, единствен со статус на колонија и еден од најголемите римски градови на Балканот, биле закопани мажи кои биле насилно убиени. Значителен број од нив биле обезглавени. Нивните останки биле фрлени во ров со неправилна форма. Покојниците беа невнимателно поставени, тесно наредени во неколку редови, положени на едно или две нивоа со различни насоки на сместување. Таа масовна гробница не се вклопуваше во важечките римски законски прописи, погребните ритуали и верувања, според кои покојникот треба да има свој гроб.

-Станува збор за едно ретко археолошко откритие, за масовна гробница од над 200 декаптирани, погубени, со отсечени глави скелети кои се најдени во Скупи. Со анализа од повеќе научни аспекти и со реконструкција на тие скелети се комплетира оваа изложба за која пројави интерес најзначајната културна институција во Белград и во Србија-Народниот музеј на Србија, изјави Панче Велков, Директор на Музеј на Град Белград.

Прочитајте и:  Изложба на фотографии од личната колекција на царското семејство Романови

Истражувањето на гробницата и реализацијата на изложбата се резултат на сеопфатна работа на мултидисциплинарен тим од Музејот на град Скопје, Археолошкиот музеј на Македонија и Институтот за судска медицина, криминологија и медицинска стоматологија.

Изложбата на Музејот на Град Скопје во Белград се одвива во рамки на програмата за работа на двете држави за периодот 2022-2025 година што е дел од проектот Отворен Балкан, кажа Бојана Бориќ Брешковиќ, Директор на Народен музеј на Србија.

-Имаме посебна чест во годината кога одбележуваме 180 години од постоењето на Народниот музеј, најстарата централна инстутиција на Србија, да ја угостиме изложбата на Музејот на град Скопје. Ова е возвратна изложба, минатат година ние гостувавме во Скопје со изложбата Артура. Оваа денес изложба е исклучителна, посветена на посебен археолошки феномен, речиси непознат, за масовна гробница, истражувана од повеќе аспекти и со современ пристап, изјави Бојана Бориќ Брешковиќ.

Изложбата „Една слика на темната страна на римската историја. Скупи – масовна гробница“ на Музејот на град Скопје во Народниот музеј на Србија во Белград, ќе биде отврена во текот на целото лето. (МИА)

- Реклама -