Музичко – сценскиот спектакл “Веселите девојки” вечерва во Македонската Филхармонија

Денес, 23-ти март, во Македонската Филхармонија, со почеток во 21:00ч ќе ве забавува урнебесната комедија која никого не остава рамнодушен. Музичко – сценскиот спектакл “Веселите девојки” е во режија на Раде Вукотиќ, а во кој настапува Тијана Дапчевиќ заедно со Маја Брукнер, Зорана Павиќ, Јелена Ѓукиќ, Ивана Петерс и Светлана Сретеновиќ.

Претставата е адаптација на истоимениот американски мјузикл. Тоа е приказна за пет најдобри пријателки од детството, кои повторно се собираат на девојачка вечер, во чест на свадбата на ќерката на една од нив. Освен добро познатите музички нумери како што е музичката соработка со Васил Хаџиманов, претставата ја прави интересна и драмскиот конфликт меѓу двете пријателки, во кој, секако, се вклучени и сите останати. Животните приказни на пет различни жени се испреплетуваат – приказни за среќа и љубов, пријателство и доверба, но и незадоволство.

Влезниците може да ги купите преку продажната мрежа на www.kupikarta.com , Розе Веро 2, ЈК Травел во Бисер и Тобако Симпо.

- Реклама -