На 27 април од 20 часот, во салата „Борис Трајковски“ ќе се одржи концерт на српскиот трибјут бенд „Блек симфони“, кој свири симфониски верзии на песни на „Металика“.
Музичарите кои настапуваат секаде низ Европа ги свират најголемите хитови на легендарниот американски хеви метал бенд во аранжмани за симфониски оркестар.
„На концертот ќе можете да слушнете единствен спој на песни на ‘Металика‘ и голем симфониски оркестар. Овој проект е добро познат за сите металци во регионот и Европа“, велат од „Авалон проудкција“.
Влезниците ќе бидат во продажба од понеделник преку продажната мрежа на „Ticketx“.