МВР демантира дека има распишано меѓународна потерница по Груевски

По вчерашната неуспешна потрага по осудениот експремиер Никола Груевски, опозициската ВМРО-ДПМНЕ упати тешки критики до власта и полицијата. „Хајка“, „хунта“ „режим“, „политички прогон“, „партиски силеџии со полициски значки“, беа само дел од кавалификациите со кои се послужи опозицијата.

Раководството на МВР засега не ги коментира обвинувањата за синоќешната акција, и не постојат официјални информации дали полицијата има(ла) оперативни сознанија дека Груевски е во земјата, со оглед на тоа што потрагата ја започна пред неговиот дом и седиштето на ВМРО-ДПМНЕ. Од МВР единствено потврдуваат дека против Груевски не е распишана меѓународна потерница, како што објави (а ние пренесовме) порталот ТВ 21, пренесува Дојче Веле (повеќе на линкот).

Прочитајте и:  Влен: Претставници на ДУИ, СДСМ и Пендаровски во март се сретнале во Вила Водно за враќање на Груевски
- Реклама -