МВР истражува дали Скопскиот фестивал бил насместен

Полицијата синоќа на повеќе локации направила претрес при што одзела телефонски картички под сомнение дека е направена измама со ниво учество во гласањето на Скопски фестивал.

Во врска со случајот повикани се лица на разговор во Минстерството за внатрешни работи.

Ова го потврди Министерството за внатрешни работи. Претресите се направени во повеќе локали во Скопје.

На Фестивалот синоќа учествуваа 20 изведувачи, а првото место му припадна на Даниел Кајмакоски, втора беше Тамара Тодевска и трета Евгенија Чанчалова – Еги.

Прочитајте и:  Битолчанец ја затворил и брутално ја тепал поранешната партнерка со часови, дури и откако си ги исекла вените од очај
- Реклама -