МВР информира дека денешните дојави за поставени експлозивни направи во училишта во Кочани, се лажни. Од МВР апелираат до родителите да не се вознемируваат и уверуваат дека училиштата се безбедни.
Протоколите за проверки и безбедност на училиштата, велат, функционираат и веднаш се преземаат соодветни мерки доколку се појават дојави за наводно поставени експлозивни направи.
„Потсетуваме дека раководствата на училиштата имаат обврска да ги следат и имплементираат мерките на Владата односно насоките од Министерството за образование во целост и на тој начин да ја засилат безбедноста на училиштата и гарантираат непречена настава на учениците“, потенцираат од МВР.
Според соопштеното, веднаш по добиените пријави денеска полицијата ги направила сите потребни проверки и, во врска со пријавите од училишта во Кочани по добиените пораки на електронските адреси, утврдено е дека станува збор за лажни пријави.