МВР најави ригорозна реакција за сите што ќе го нарушат редот и мирот на прославата на Илинден

Министерството за внатрешни работи им го честита празникот Илинден на граѓаните на Северна Македонија и ги повика достоинствено да го прослават денот, „како што доликува на така значаен датум од нашата историја“.

Во соопштението МВР апелира до граѓаните, посебно до оние кои ќе присуствуваат на организираните прослави, да го почитуваат јавниот ред и мир. За сите обиди за негово нарушување, како и загрозување на безбедноста на граѓаните, МВР најавува дека полицијата ригорозно ќе реагира, согласно законот и надлежностите.

„Со начинот на кој ќе го прославиме овој голем ден, достоинствено и чесно да покажеме дека ја почитуваме историјата и ја сакаме сопствената татковина“, се вели во соопштението на МВР.

- Реклама -