МВР потврди дека Груевски е во Унгарија, следува меѓународна потерница

Министерството за внатрешни работи и официјално потврди: Груевски навистина е во Унгарија.

„По направените соодветни проверки, Министерството за внатрешни работи утврди дека лицето Никола Груевски, кое се бара заради извршување на казна затвор во траење од две години за сторено кривично дело- примање награда за противзаконито влијание, се наоѓа во Република Унгарија.

Министерството за внатрешни работи на Република Македонија доби и потврда од унгарското министерство дека Никола Груевски е во Република Унгарија и дека побарал азил. Министерството за внатрешни работи го информира Основниот суд Скопје 1, по што Судот треба да издаде решение за распишување на меѓународна потерница за осуденото лице Никола Груевски“, стои во соопштението.

Прочитајте и:  Влен: Претставници на ДУИ, СДСМ и Пендаровски во март се сретнале во Вила Водно за враќање на Груевски

Претходно дел од медумите, од сопствени извори, пренесоа дека денеска во македонското МНР бил повикан унгарскиот амбасадор во Македонија, за да ги потврди информациите и по дипломатски канали. Според информациите, на повикот се јавил неговиот заменик, кој неофицијално потврдил дека Груевски е во Унгарија.

- Реклама -