На 27-ми јуни „Поточиња“ во Охрид – Нова промоција

Детски фестивал „Поточиња“ ја најавува новата забавна манифестација

Детскиот фестивал „Поточиња“ со голема радост објавува дека на 27 јуни ќе се одржи следната голема забава во Охрид, на сцената „Долни Сарај“, со почеток во 19:30 часот. Влезот е бесплатен.

„Најмили наши, Ве покануваме на целодневно дружење, игра и песна со Поки и Поточиња на прекрасната сцена ‘Долни Сарај’ во Охрид. Дојдете заедно да создадеме нови убави спомени во рамките на манифестацијата ‘Културата расте со децата’, организирана од општина Охрид.“

Организаторите нагласуваат: „Летото нека започне со игра на езеро, песна и забава.“ Затоа, ги покануваат децата и нивните родители на бесплатно дружење со веселите ликови од „Поточиња“.

Прочитајте и:  Додик: Очекуваме Путин да присуствува на осветувањето на руско-српската катедрала

Фото: Д.Ф. Поточиња