Станува збор за аналгетици, анестетици и антиалергиски раствори, сместени во стаклени вијали, кои биле во рефузна состојба, што значи дека немале оригинално пакување и не поседувале соодветни дозволи и сертификати од надлежните органи. За да избегне царинска контрола, сторителот ги распоредил лековите во редови и ги сокрил меѓу перничињата за врат, сместени во три картонски кутии.
Овој начин на транспорт ја загрозува безбедноста на граѓаните, бидејќи лекови кои не се соодветно декларирани, складирани и транспортирани, а без потребни дозволи и сертификати, можат да претставуваат сериозен ризик за здравјето.
По брзата реакција на инспекторите, кои го истражуваа случајот во текот на последното деноноќие, поднесена е кривична пријава до Основното јавно обвинителство во Гевгелија. Од таму е издадена мерка за одземање на лековите, соопштија од Царинската управа.




