На денешните жени им се потребни 28 часа во денот

Последните истражувања покажуваат дека на жените не им се доволни 24 часа во денот и секогаш им недостасуваат уште неколку часа за да ги завршат сите свои обврски. Според истражувањата, во просек, за да ги завршат своите работни, семејни, друштвени и други обврски, на жените им се потребни дополнителни 3 часа и 36 минути.

Од анкетирани 2.000 жени, половина изјавиле дека спијат шест наместо препорачаните осум часа, бидејќи мораат да жртвуваат часови од сонот за да имаат време за опуштање или дружење. Истражувањето покажува дека најголемиот дел легнуваат да спијат по полноќ, а се будат во 6 наутро. Резултатот е хроничен замор, подочници и слаба концентрација.

Истражувањето покажува и дека на жените на возраст од 25 до 35 години приоритети им се социјализацијата и хобијата, а истите им се поважни и од сонот. Така што, кога дневно би имале 28 часа на располагање, одговориле дека повеќе би се дружеле со пријателите, повеќе би вежбале или би се бавеле со други активности кои ги интересираат и прават среќни.

Прочитајте и:  „Што носеше кога сама си го бараше?“
- Реклама -