На сцената на Битолскиот Народен Театар вечерва премиерно ќе биде изведена претставата „На дното“ во режија на Ќендрим Ријани, по текст на Максим Горки. Ова е трета премиера годинава во битолскиот тетатар.
-Направивме една претстава која на некој начин е продолжување на неговата уметничка и воопшто животна естетика. Една голема екипа составена од многу штрафови од механизмот на „На дното“. Народниот театар – Битола ги третира старите теми на некаков современ начин и ги аплицира на денешното живеење и затоа сум посебно горд што секој лик во претсавата пред се функционира внатре како некој механизам кој е блиску до совршено направен– вели Иван Јерчиќ, директор на НТБ и еден од актерите.
Во претставата играат: Соња Ошавкова, Валентина Грамосли, Елена Моше, Илина Чоревска, Викторија Степановска – Јанкуловска, Маја Андоновска – Илијевски, Марија Стефановска, Сандра Грибовска Илиевска, Анастазиа Христовска, Иван Јерчиќ, Петар Спировски, Мартин Мирчевски, Александар Димитровски, Никола Пројчевски, Александар Стефановски и Никола Стефанов