На Ќафасан уапсен 41-годишник баран од Интерпол

Д.Л. од Албанија е уапсен на граничниот премин „Ќафасан“ за влез во Македонија. По него била распишана меѓународна потерница од Интерпол.

Д.Л. бил баран од Интерпол-Виена, за сторено дело вооружен грабеж, со упатство веднаш да биде екстрадиран во Австрија.

Тој бил изнесен пред Основното јавно обвинителство Струга и предаден на Основниот Суд Струга, каде на 30.08.2018 година му била одредена мерка екстрадиционен притвор во траење од 30 дена, по што е предаден во Казнено поправната установа „Затвор Охрид“, наведуваат МВР во дневниот Билтен.

- Реклама -