Во Македонија пристигна иновација која радикално го менува пристапот кон хируршките операции. Станува збор за системот ExcelsiusGPS™️ – иновативен роботски навигациски алат кој овозможува изведување на зафати на ‘рбетот и мозокот со изванредна прецизност и сигурност.
Оваа напредна технологија, која ја донесува Globus Medical, лидер во производството на медицински уреди, има за цел да го модернизира нашиот здравствен систем и да им обезбеди најквалитетна нега на пациентите во земјата. ExcelsiusGPS™️ е веќе присутен во врвни болници во САД, Европа и Азија, а сега првпат е достапен и во нашиот регион.
На презентацијата, која се одржа денеска на Клиниката за трауматологија под раководство на д-р Игор Мерџаноски, роботот комбинира реална навигација со роботска рака, овозможувајќи му на хирургот да поставува импланти и инструменти со голема точност и безбедност. Ова значи минимизирана можност за грешка, побрзо оздравување, пократок престој во болница и значајно намалување на болката за пациентите.
Воведувањето на ExcelsiusGPS™️ во македонските здравствени установи би претставувало важен напредок за нашето здравство. Оваа технологија не само што им помага на лекарите да работат поефикасно, туку и значајно го подобрува квалитетот на нега што ја примаат пациентите.
Globus Medical е отворен за соработка со државни и приватни болници, медицински факултети и институции во Македонија. Планирани се бесплатни обуки за хирурзи и медицински персонал, како и јавни презентации за граѓаните, со цел да се запознаат со предностите на оваа иновација.
ExcelsiusGPS™️ значи нова ера во македонската медицина – време е пациентите да имаат пристап до третман по највисоки светски стандарди, токму тука, во нашата земја.




