На мажите им годи бракот, но не и на жените

Жените јадат повеќе нездрава храна и имаат тенденција да ја зголемуваат својата тежина кога ќе се вселат да живеат заедно со својот партнер, според една студија на Универзитетот Њукасл.
Од другата страна, во тој период диетата на мажот станува поздрави, така што жената има позитивно влијание врз него, гледано на подолг период. Причината за промената на навиките во јадењето е поради тоа што и двајцата партнери пробуваат да си угодат за време на медениот месец, со тоа што ги приспособуваат своите потреби да одговараат на оние на партнерот и јадат храна која тој/таа ги сака.

Истражувањето кај повеќе хетеросексуални двојки покажало дека поверојатно е жените да ја зголемат својата тежина и конзумација на мрсна храна и шеќери кога ќе започнат заеднички живот. Мажите од друга страна, постигнуваат редукција на „лошата храна“ кога ќе почнат да кохабитираат и ги намалуваат мастите и шеќерите, а го подигнуваат нивото на консумпција на зеленчуци и овошје.

Прочитајте и:  „Што носеше кога сама си го бараше?“

Откриено е дека жените се дебелеат кога ќе ја прекинат врската со партнерот, што не важи подеднакво и за мажите. Предводникот на ова истражување, д-р Амелија Лејк, тврди дека поверојатно е жените да се свртат кон храната кога се соочуваат со емоционален стрес во нивната врска.

- Реклама -