Kaко одговор на прашањето, зошто претседателот на САД се’ уште користи мобилен телефон од марката „Блекбери“, произведен во 2007 година, Барак Обама, објаснил дека од тајните служби не му дозволуваат да користи „Ајфон“ поради безбедносни причини.
Ова е уште еден доказ за тоа дека заштитата на високотехнолошките производи може лесно да биде разбиена, па во конкретниов случај, американскиот претседател може да биде прислушуван.
Шефот на државата, сепак, додал дека неговите ќерки Саша и Малија поминуваат многу време со паметните телефони на Аpple.
Обама користи телефон од брендот „Блекбери“, познат по најсигурниот систем за заштита. Претседателот сепак се пожали дека заштитата на телефонот му пречи да комуницира со обичните луѓе и да ги добива најновите информации за настаните во светот, поради филтер, поставен од органите за безбедност.