На островот на вечниот живот

Островот Икарија е една од најисточните точки во Грција. Освен несекојдневните пејзажи, островот има уште едно богатство-најдолговечните луѓе во светот. Жителите на Икарија живеат најдолго од било каде во светот. Григорис Тахас кој има 99 години е еден од помладите во своето друштво.На локалните гробишта, вели тој, има споменици кои зборуваат за животи долги и до 116 години.

Од својата куќа Григорис два пати дневно пешачи по два километри до кафеаната каде што разговара со пријателите со мала шолја грчко кафе и цигари. Григорис пуши веќе 70 години.

“Мислам дека цигарите не се толку штетни како што мислат луѓето“, вели тој.

Тука е и Кристина Сантири која во јуни ќе наполни 101 година. Таа пие по една чаша црно вино со секој ручек и обожава да ги набљудува луѓето од балкон.

Репутацијата на Икарија како центар на доброто здравје се гради со векови, а другите Грци доаѓале тука за да се бањаат во термалните извори на истокот на островот.

Нешто поскоро, Икарија го привлече вниманието на експертот за долговечност, Дан Бетнер. Тој со помош на “National Geographic” десет години го истражувал ова место. Бетнер за првпат ги вовел таканаречените Сини зони во кои спаѓаат островот Окинава во Јапонија, Лома Линда град во Калифорнија, некои делови од Коста Рика и ридот Нуоро делу во Сардинија. Отсега и Икарија се наоѓа на таа листа.

Прочитајте и:  Храброст, надеж и љубов: Мајка од Скопје на 61 година го роди своето прво дете

“Сакав да ги утврдам причините и фактите за долговечноста на Икарија. Грчките научници веќе открија дека луѓето на овој остров 2,5 пати почесто доживуваат 90 години отколку Американците. Мажите имаат дури четири пати поголеми шанси да ги доживеат тие години во однос на другите народи“, вели Бетнер.

 Во што е тајната на нивната долговечност?

Икаријанците одгледуваат овошје, грозје и житарици, а сите експерти како и локалното население се согласуваат дека важен клуч за нивниот долг живот е храната, физичката активност и виното.

Исхраната на Икарија е базирана на принципот – локално, сезонско и природно. Пред три години отворен бил супермаркет, но населението и понатаму не купуваат било какви преработени продукти. Јадат многу малку месо. Типичниот појадок е составен од чај, направен од диви билки, леб со мед, маслинки и малку сирење. Главниот оброк во текот на денот е ручекот со зеленчук, вино, леб, а потоа и одмор. Вечерата е лесна и слична на појадокот.

- Реклама -