На патот од Гостивар кон Стража приведен 42 годишник

СВР Тетово соопшти дека вчера (15.11.2024) во 13.30 часот на магистрален пат Гостивар-Стража, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Гостивар го привеле Р.М.(42) од Дебар затоа што агресивно се однесувал кон нив додека преземале службени дејствија.

Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок, наведува полицијата.

Извор