На победникот на Евровизија успешно му е пресадено срце

Салвадор Собрал победи на годинашната Евровизија со песната „Amar Pelos Dois“, претставувајќи ја својата родна Португалија.

Покрај ненаметливиот, а сепак впечатлив настап, Собрал остана запаметен и како победникот со болно срце кој веќе извесно време чекаше компатибилен орган за пресадување.

За среќа, тој веќе е опериран, пресадено му е срце и закрепнува во болница во Лисабон. Лекарите изјавиле дека операцијата поминала добро, но дека Собрал го чека долго закрепнување, по што ќе има нормален живот.

Во текот на изминатиот период Собрал се повлече од сцената поради здравствените проблеми, но не сакал да добива медиумско внимание за болеста. Во септември повеќе медиуми предупредија дека неговиот живот е во опасност доколку итно не се најде компатибилно срце.

Прочитајте и:  Повеќе од 10 часа седење и лежење може да го ослаби срцето

Познато е и дека тој не присуствуваше на пробите во Киев, туку го замени неговата сестра Луиса, која исто така е популарна пејачка од Португалија. По прогласувањето на победата, Саладор ја повика и неа за заедно да ја исполнат победничката песна.

- Реклама -