На победникот на „Гранд ѕвезди“ му го одземаа детето

 

Според законите на Босна и Херцеговина, еден од условите за посвојување е подносителот да биде во брак, а со оглед на тоа што Амар Јашарспахиќ не е оженет, тој не можел да го задрши шестгодишниот Ален.

На крајот од октомври, Амар Јашарспахиќ Гиле, победник на „Гранд ѕвезди“ го посвои шестгодишниот Ален, кој го запозна во домот за деца без родители, меѓутоа, Центарот за социјална работа му го одзеде затоа што немал целосна документација за посвојување.

Според законите на Босна, еден од условите за посвојување е подносителот да биде во брак, а со оглед на тоа што Амар Јашарспахиќ не е оженет, тој не можел да го задрши шестгодишниот Ален.

– За жал, точно е тоа што сте го слушнале. Ќе продолжам да го посетувам Ален и да му помагам финансиски, кратко изјави пејачот.

Малиот Ален помина кај Амар три седмици, и како што наведува извор, двајцата многу тешко ја поднеле разделбата.

- Реклама -