На претседателските избори во Русија ќе учествуваат четворица кандидати

Четворица кандидати ќе учествуваат на изборите за претседател на Русија во март, изјави денеска претседателката на руската Централна изборна комисија (ЦИК), Ела Памфилова.

Таа рече дека ЦИК официјално ги регистрирала како кандидати: независниот кандидат Владимир Путин и претставниците на парламентарните партии Леонид Слуцки (ЛДПР), Владислав Даванков („Нови луѓе“) и Николај Харитонов (Комунистичка партија на Руската Федерација).

Памфилова рече дека денеска завршил одреден циклус и дека имињата на четворица кандидати ќе се најдат на гласачкото ливче, бидејќи ЦИК на седницата ја одби регистрацијата на Борис Надеждин, Сергеј Малинкович, Анатолиј Баташев и Рада Руска, пренесоа руските медиуми.

Надеждин најави дека ќе се жали на таа одлука до Врховниот суд. Советот на Федерацијата закажа претседателски избори во Русија за 17 март 2024 година.

Прочитајте и:  Русин осуден на 14 години затвор за испраќање видеа од руската армија на Украинци

Гласањето ќе трае три дена – 15, 16 и 17 март.

- Реклама -