Следната година, како што најави Мини, се очекува да започне продажбата на втората генерација кабриолети со класичен платнен кров, кој може да се спушти (подигне) за 15 секунди при брзина до 30км/ч.
На пролет следната година, како што најави Мини, се очекува да започне продажбата на втората генерација кабриолети со класичен платнен кров, кој може да се спушти (подигне) за 15 секунди при брзина до 30км/ч.
Новиот “мини кабриолет” доби заоблени фарови, за разлика од претходникот, збогатена внатрешност изработена од квалитетен материјал, а клима уредот е дел од стандардната опрема. Зафатнината на багажот е зголемена на 170 литри, а претставниците BMW велат дека на задното седиште има повеќе простор за патниците. Новоста тука е т.н. опенометар, сместен покрај обртометарот, кој го мери времето поминато во возење со отворен кров. Основната цена на овa мини кабрио во Германија ќе биде 22 500 евра. [Mini Cabrio]