На само неколку месеци до пензија, почина првиот лекар во Македонија од компликации од коронавирус – урологот д-р Деари од Тетово

Во ГОБ „8 Септември“, на 64 годишна возраст, починал д-р Арификмет Деари, уролог од Тетово, информираше претпладнево министерот за здравство Венко Филипче.

Д-р Деари бил хоспитализиран поради невролошки проблеми, но бил и позитивен на Ковид-19. По 15 дена болничко лекување ја загуби битката со болеста.

„Д-р Деари кој беше само на неколку месеци до пензионирањето, е првиот лекар кој почина од компликации на коронавирусот. Изразувам жалење и длабоко сочуство до неговото семејство.

Апелирам до моите колеги здравствените работници да се чуваат и заштитуваат, на работното место соодветно на протоколите, но и надвор од него. Апелирам и до граѓаните да ги почитуваат мерките, да се заштитат себеси, здравствените работници и сите свои сограѓани“, напиша Филипче на Фејсбук.

- Реклама -